„Дејли телеграф“: ЕУ ќе ја лиши Грција од правото на глас во Советот на министри

Европската Унија ќе ја лиши Грција од нејзиното право на глас, на одлучувачката средба на министрите за финансии, следниот месец. Ова денеска го пишува интернет изданието на британскиот весник „Дејли телеграф“. Весникот, овој потег го опишува како најлошото понижување на една земја членка на ЕУ. Министрите за финансии од Европската унија вчера и соопштија на Грција дека има рок до 16 март да докаже дека може да ги намали расходите.