Србија ке бара нови разговори за статусот на Косово

Србија ке инсистира на нови разговори за статусот на Косово по пресудата на Судот на Обединетите Нации за легалноста на декларацијата на независност, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ. По повод двегодишнината од независноста на Косово, шефот на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово, Питер Фејт оцени дека во земјата е постигнат добар напредок, истакнувајќи дека неговата моментална задача е надгледување на функционирањето на косовските институции.