Ахмадинеџад: Израел се подготвува за војна

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Израел се подготвува за војна напролет или во лето. Земјите во регионот нема да му дозволат на овој наметнат режим да преземе такво нешто, нагласи Ахмадинеџад. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој вчера престојуваше во Москва, веднаш демантира дека неговата земја има намера да војува.