ЕУ:Грција до 16-ти март даго намали буџетскиот дефицит за 4 проценти

Министрите за финансии од Европската Унија ја предупредија Грција да ги отстрани ризиците за загрозување на вредноста на еврото и да ги намали буџетските трошоци во текот на оваа година. Министрите од 27 земји членки на Европската Унија, по денешниот состанок во Брисел и соопштија на Грција дека до 16-ти март мора да покаже спроведени строги мерки за намалување на јавниот долг за 4 проценти. Грчките финансиски проблеми сериозно ја загрозија вредноста на европската валута во време на светска економска криза