Делегација на НГ на Вермонт во Македонија

Делегација на Националната гарда на Сојузната американска држава Вермонт, предводена од командантот генерал мајор Мајкл Дуби в недела треба да пристигне во тридневна официјална посета на Македонија. Прес службата на АРМ соопшти дека целта на посетата е разгледување на можностите за унапредување на соработката и согледување на подготвеноста на контингентот на АРМ за престојното заедничко учество во мисијата ИСАФ.