НАТО се извини за смртта на цивилите во Авганистан

НАТО се извини за инцидентот при кој случајно загинаа дванаесет цивили во Авганистан. Инцидентот се случил на вториот ден од офанзивата против упориштата на Талибанците во провинцијата Хелманд. Командантот на НАТО и американските сили, Стенли Меккристал изјавил дека НАТО ќе го суспендира користење на оружјето кое се користело при нападот во очекување на истрагата.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изразил сочуство за смртта на луѓето кои биле членови на исто семејство.