Бомба во јужен Пакистан

Пакистанските власти соопштуваат дека најмалку тројца луѓе загинале и деветмина се ранети, при експлозија во областа Синд, во јужниот дел на Пакистан. Агенциите јавуваат дека овој дел на Пакистан ретко е напаѓан од талибанските групи за разлика од другите пакистански области.