Груевски се надева дека Нимиц ќе го придвижи спорот со Грција кон решение

Македонскиот премиер Никола Груевски вели дека очекува од посредникот на Обединетите Нации, Метју Нимиц на 23-ти и 24-ти февруари да донесе нови идеи и можности за надминување на македонско - грчкиот спор. Груевски изјави дека еврокомесарот Штефан Филе доаѓа во Скопје на 19-ти овој месец за да се запознае со евроинтегративните процеси.