Самоубиствени бомбашки напади во Пакистан

Пакистански официјални лица потврдија дека најмалку 14 луѓе загинале, а 30 други биле повредени во два самоубиствени бомбашки напада чија цел биле полициските сили во северозападниот дел на земјата. Нападите се случиле вчера во Северен Вазиристан кој граничи со Авганистан. Властите, во обид да спречат натамошни напади на пакистанските талибанци, воведоа полициски час.