Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се чуствува добро, откако синоќа му беа вградени два стента на срцевата артерија, соопштуваат од неговиот кабинет. 63-годишниот Клинтон бил примен во болница со болки во градите. Тој беше претседател на САД во два мандати, од 1993 до 2001 година.