ОН: Пораст на насилството врз активистите за заштита за човекови права.

Во светот е забележан пораст на насилството врз активистите за заштита за човекови права. Ова во својот говор го изложи Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Наванетем Пилеј на денешната конференција во Даблин. Само минатата година се убиени 24 активисти за заштита на човековите права. Пилеј смета дека мора да се пронајдат нови механизми за заштита на правата на активистите затоа што во многу земји во светот се поттикнува насилството врз активистите со тоа што поминува неказнето или со благи казни.