Талибанскиот лидер е мртов?

Пакистанското министерство за внатрешни работи денска соопшти дека има „релевантни информации“ дека талибанскиот лидер Хакимулах Мехсуд им подлегнал на повредите предизвикани од американскиот напад во јануари. Но министерот Рехман Малик рекол дека сеуште нема официјална потврда за смртта на талибанскиот лидер. Талибанците се уште ја негираат оваа информација за смртта на нивниот лидер. Додека еден од потпаролите на Талибанците анонимно им потврдил на новинарите дека лидерот е мртов.