Мајер: ЕУ е должна да и помогне на Грција

Европската унија е должна да преземе се што е во нејзина моќ за да ги стабилизира економските прилики во Грција и да ја одржи стабилноста на заедничката валута, изјави главниот економист на „Дојче банк“, Томас Мајер.Притисокот врз еврото е се поголем и ЕУ мора да преземе се за да се стабилизира и Грција и еврото, предупреди Мајер во интервју за германскиот весник „Билд“. Мајер смета дека ЕУ може да и одобри на Грција времено ограничен кредит само доколку е условен со јасни правила.