На хуманитарните организации во Пакистан им се потребни уште 538 милиони долари за да им помогнат во наредните шест месеци на луѓето кои се раселени поради борбите со Талибанците. Според податоците на Обединатите нации уште еден милион Пакистанци се раселени од своите домови.