Денеска претседателски избори во Украина

Во Украина денеска се одвива вториот круг претседателски избори. Кандидатката за претседател, премиерката Јулија Тимошенко во првиот круг доби 10 проценти помалку гласови од против кандидатот бившиот премиер Виктор Јанукович. Тимошенко неколку дена пред изборите се закани дека ќе ги повика нејзините следбеници на втора портокалова револуција доколку Јанукович ги фалсификува изборите. Таа изрази незадоволство поради измената на изборните закони на неколку дена пред вториот круг избори.