Неколку стотици граѓани се собраа денеска во Скопје на протест против планот на Владата за новиот изглед на центарот на градот. Една од главните пароли на собирот е сакаме Плоштад на Плоштад, а не цркви и џамии. Вчера реагираше и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски кој го повика премиерот Никола Груевски за овој план да свика референдум.