Американско-руски разговори за нуклеарно разоружување

Претставници на Русија и на САД денеска во Женева треба да ги продолжат разговорите за постигнување нов договор за намалување на нуклеарното оружје. Новиот договор треба да го замени договорот СТАРТ, кој истекува на 5 декември. Минатата недела, рускиот претседател Дмитриј Медведев рече дека договорот е „95 проценти готов“. Тој изрази оптимизам дека може да се постигне нов договор, но посочи дека американското распоредување на антиракетен штит во Европа може да биде пречка.