Ослободен швајцарски бизнисмен во Либија

Судот во Либија денеска ја отповика одлуката за швајцарскиот бизнисмен Рашид Хамдани кој беше осуден на 16 месеци затвор, поради престој во земјата по истекот на визата. Хамадани и неговиот пријател Макс Гоелди изминатата година ипол престојуваа во швајцарската амбасада во Триполи. Двајцата беа осудени на 30 ноември. Хамади работи за мала компанија, а Гоелди е менаџер во шведско-швајцарска компанија за градежништво. Високиот комесар за човекови права Нејви Пилај го опиша третманот на Либија, кон швајцарските жители како не фер.