Починал лидерот на Талибанците во Пакистан?

Пакистанската национална телевизија објави дека лидерот на Талибанците во земјата, Хакимулах Мехсуд починал од повредите, кои ги доби во американскиот ракетен напад месецов. Потпаролот на Талибанците ја негираше информацијата, а пакистанската војска отворила истрага. Телевизијата соопшти дека Мехсуд починал во куќата на таткото на неговата сопруга во западен Вазиристан во близина на границата со Авганистан.