Карзаи ги повика Талибанците да го предадат оружјето

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ги повика Талибанците да го предадат оружјето и да ги прифатат законите на земјата за реинтеграција во општеството. Пред три дена на конференцијата во Лондон посветена на Авганистан, светските сили се договорија да го финансираат планот на Карзаи. Авганистанската влада ќе спроведе програма преку која ќе се отворат нови работни места и ќе се обезбеди обрзование за бунтовниците. Карзаи изјави дека на лидерите на Талибанците им нуди помирување, но дека понудата не се однесува на припадниците на Ал Каеда, бидејќи во земјата нема место за терористи.