НАТО силите убиле 4 авганистански војници

Авганистански претставници соопштија дека силите на НАТО случајно убиле четворица авганистански војници, додека шестмина други повредиле. Инцидентот се случил во провинцијата Вардак кога нивната позиција станала цел на воздушен напад на НАТО силите. Инцидентот е потврден од НАТО, но не се соопштени детали.