Портпаролот на милитантна талибанска фракција Кари Мохамад Јусуф изјави денеска дека талибанското раководството наскоро ќе реши дали да ја прифати поканата на Претседателот Хамид Карзаи за учество во Лоја Јирга - традиционален совет на авганистанските племенски старешини од целата земја на почетокот од оваа година. Во меѓувреме, се јавува дека претставникот на Обединетите Нации во заминување Каи Еиде се сретнал на 8 јануари во Дубаи со членови на раководството на Талибанскиот совет Кета Шура на разговари за заштита и безбедносни гаранции на тие што ке решат да присуствуваат на мировните преговори.