Авганистанско племе ќе ги протерува Талибанците

Едно источно авганистанско племе потпиша пакт преку кој ќе ги протера Талибанците од нивната земја. Тие соопштија дека ќе им ги запалат куќите на оние жители кои ќе ги кријат бунтовниците во своите домови и тие ќе треба да платат казна од 20 илјади долари. Американските воени официјални лица ја одобрија одлуката на племето Шинвари и соопштија дека ќе им обезбедат 1 милион долари за нивниот фонд и 200 илјади долари за развој на програмите за вработување. Шинвари владеат во 5 региони со околу 600 илјади жители во покраината Нангархар. Пактот го потпишаа 170 старешини.