Милошоски се обрати на конференцијата за Авганистан

Македонија и во иднина ќе дава придонес кон меѓународните напори за поддршка за развојот на Авганистан, изјави денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој учествува на Меѓународната конференција во Лондон посветена на Авганистан. Македонија ја поддржува новата стратегија за интегрирање на авганистанските власти во водењето на државата и за постигнување на таа цел земјата ќе испрати дополнителни војници во земјата.