Карзаи бара поддршка од соседите за мир во Авганистан

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи соопшти денеска дека Авганистан мора да допре до браќата, кои не се дел од терористичките групи со цел да се постигне помирување во земјата. Карзаи говорејќи на Меѓународната конференција во Лондон го повика кралот на Саудиска Арабија, Абдулах да одигра важна улога во спроведувањето на мирот во Авганистан. Тој ги повика и соседните земји, како Пакистан да ги поддржат мировните напори.