Русија нуди помош за Авганистан со западни пари?

Русија нуди помош за обнова на Авганистан се додека Запад ќе дава пари. Рускиот весник Комерсант наведува дека претставникот на Русија во НАТО, Дмитриј Рогозин, рекол оти Русија би можела да обнови над140 згради изградени од советските инженери меѓу 1952 и 1988 година. Рогозин рекол дека можат да бидат обновени и електрани, патишта, како и нафтоводни мрежи. Тој вели дека западните земји кои не можат да испратат војници во Авганистан треба да ја финансираат работата. Русија овој предлог ќе го доставела на меѓународната конференција за Авганистан во Лондон која почнува утре.