Советот за Безбедност ги прекина санкциите за 5 талибанци

Обединетите Нации соопштија дека 5 члена на талибанците се тргнати од листата на санкции за поврзаност со Ал Каеда. На овој чекор се гледа како на потик за национално помирување и обнова што треба да биде промовиран на Лондонската Конференција за Авганистан која почнува утре.