Учеството на Иран на меѓународната конференција за Авганистан, што ќе се одржи во четврток во Лондон, е доведено во прашање. Портпарол на иранското министерство за надворешни работи оценил дека на конференцијата нема да бидат решени проблемите на Авганистан и оти присуството на меѓународните сили во таа земја е причина за зголемените терористички активности.