Кабелски оператори прекинаа емитување на анти-Чавез канал

Венецуелските кабелски оператори го прекинаа емитувањето на телевизискиот канал кој го критикува претседателот Хуго Чавез, откако властите соопштија дека телевизијата ги кршела законите за медиумите. Анти-Чавез каналот Радио Телевизија Каракс престанал да се емитува вчеравечер. Каналот се префрли на кабелска во 2007 година, кога властите одбија да му ја продолжат лиценцата за работа.