ОН - крај на потрагата по жртви во земјотресот во Хаити

Обединетите нации денеска соопштија дека владата на Хаити одлучила да и стави крај на акцијата за потрага на жртвите во земјотресот, што го погоди островот на 12 јануари. Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања објави дека меѓународните спасувачки тимови успеале да спасат 132 луѓе по земјотресот. Потпаролот на ОН, Елизабет Бирс изјави дека интензивните хуманитарни активности ќе продолжат во главниот град Порт О Пренс и во другите делови на Хаити погодени од земјотресот.