Ограбена филијала на Македонска пошта во Охрид

Маскиран вооружен разбојник изутринава ја ограбил филијалата на Македонска пошта во Охрид. Според првичните информации тој со пиштол им се заканил на вработените и притоа украл 51 000 денари, по што избегал. Екипата на Секторот за внатрешни работи од Охрид врши увид на местото. Разбојникот е снимен од безбедносните камери на соседната експозитура на Охридска банка.