Застапникот на Нишкиот договор со МПЦ, Иринеј од денеска поглавар на СПЦ

Нишкиот епископ Иринеј од денеска е 45-тиот патријарх на Српската Православна Црква. Иринеј за поглавар беше избран по смрта на Патријархот Павле. Тој заврши Богословски факултет во Белград, а постдипломски студии во Атина. Како Нишки епископ, на македонската јавност и беше познат како силен застапник на таканаречениот Нишки договор со кој се предвидува автономија а не афтокефалност на Македонската Православна Црква, која е непризната од СПЦ.