Уапсен полицаец зашто се жалел на Јутјуб

Рускиот полицаец Алексеј Димовски кој на интернет страницата Јутјуб се жалел за корупција денеска бил уапсен за измама. Тој во минатиот ноември објавил на Јутјуб три видео снимки на кои тврди дека му било ветено унапредување во замена за апсење на невино лице. Димовски веднаш потоа беше отпуштен од служба.