САД - Казахстан да се ангажира во сферата на човековите права

Соединетите Држави побараа од Казахстан да го искористи преседавањето со ОБСЕ и да го поправи своето досие на човекови права. Казахстан е прва поранешна советска република која преседава со ОБСЕ. Организациите за човекови права ги критикуваа западните земји што тоа го дозволија поради слабата демократија и кршењето на човековите права во Казахстан.