ММФ бара „Маршалов план“ за Хаити

Директорот на ММФ Доминик Штрос-Кан повика на меѓународен план за обнова на Хаити, слично како американскиот Маршалов план за обнова на Европа по Втората светска војна. Тој рече дека Хаити се соочува со низа проблеми и дека треба да се направи „нешто големо“.