Иранскиот суд осуди студент-активист

Иранскиот суд го осуди на 8 години затвор студентот активист Мајид Таваколи, кој беше уапсен за време на анти-владините протести на 7 декември. Националната новинаска агенција ФАРС соопшти дека тој го напуштил универзитетот Амир Кабир во Техеран со женска шамија преку лицето. Во знак на солидарност на интернет се појавија фотографии на мажи со шамии преку лицето. Таваколи беше обвинет за заговор и собир против естаблишментот и пропаганда против системот во земјата, како и за навреда на лидерот Ајатолах Али Каменеи и претседателот Махмуд Ахмадинеџад.