Почина рускиот новинар што беше претепан од полицаец во затвор

Рускиот новинар Константин Попов, кој беше наводно претепан од полицаец во затворот во градот Томск денеска почина. Четириесет и седум годишниот Попов беше во кома по нападот. Двесет и шест годишниот полицаец Алексеј Митајев е обвинет за злоупотреба на службената должност и дека намерно повредил лице, кое се наоѓало во беспомошна ситуација. Ако биде осуден Митајев може да добие затворска казна од 10 години. Тројца полицајци поднесоа оставка по нападот на Попов.