Американскиот геолошки институт соопшти денеска дека регистрирал нов силен земјотрес во Хаити со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала. Првичните мерења покажуваат дека епицентарот на земјотресот бил околу 6 милји под површината на земјата и 56 километри одалечен од главниот град Порт О Пренс. На островот сеуште спасувачките екипи се обидуваат да пронајдат преживеани под рушевините, по земјотресот што го погоди островот пред 8 дена со интензитет од 7 степени.