Ситуацијата во Порт О Пренс се става под контрола


Во Главниот град на Хаити, Порт О Пренс, со пристигнувањето на американските трупи, кои го обезбедуваат доставувањето на хрна, вода и медицински материјали, се намали загриженоста од грабежи и насилства. Претставник на Обединетите Нации оцени дека ситуацијата во градот е стабилна со ограничени инциденти, додавајки дека приоритет е укажување помош на повредените од катастрофалниот земјотрес и доставувањето на хуманитарната помош. Во меѓувреме, Советот за Безбедност на Обединетите Нации донесе одлука за испраќање на уште 2000 војници и 1500 полицајци на Хаити, каде што веќе има 9000 меѓународни мировници. Инаку, според официјални извори, досега се погребани околу 75 илјади жртви од земјотресот, но таа бројка не е конечна.