Насилство и вандализам во Хаити

Преживеаните во главниот град на Хаити се соочуваат со многу насилство и вандализам додека чекаат дотур на храна, основни материјали и друга помош од меѓународната заедница. Меѓународниот комитет на Црвениот крст предупредува дека " инциденти на насилство и грабежите се во пораст како расте очајот " меѓу преживеаните од земјотресот. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара од Советот за безбедност да одобри испраќање на 3.500 луѓе од меѓународната полиција и 9000 војници на Обединетите Нации да се вклучат во воведувањето ред и безбедност на островот.