Бавно судство

Основен суд Скопје

Граѓаните се жалат дека многу судски спорови со години се „заплеткани низ судските лавиринти“. Според експертите, виновни се и судовите и граѓаните, а измени во делот на законот за услови на доставување на судки покани е еден од условите за побрзо решавање на судските спорови
12 години ковачот Исмаил Зекир се обидува судски да докаже дека е сопственик на дуќанот во скопската чаршија што го наследил од својот татко. Тој вели дека да биде иронијата поголема сопственоста му ја оспорува снаата која е заведена како ковач и сопственик на неговиот дуќан.
Една од причините е несоодветното или неможноста за доставување на покани. Понатаму веројатно и менталитет на граѓаните да се избегнува приемот на писмата кои ги доставува судот.

„Се судиме 12 години и судот решава дека ми го доделуваат дуќанот. Во историјата на занаетот не била жена ковач. До Врховен суд сме дошле и вели може да биде жена ковач. Абе луѓе, од дедо ми дедо, немало во историјата жена да работи со токмак, со чекан или да ја извади оваа секира.“

Зекир не е единствен кој се жали на долгогодишните судски спорови.

„Се сме барале, никој не ни дал објаснување. И со адвокати и тие изумреа и судовите и така остана да се одолговлекува.“
„Целата работа е до судот, судот е виновен.“
Министерот за правда Михајло Маневски

Поранешниот судија во Суд за човекови права во Стразбур , Магарита Цаца Николовска вели дека причините за бавното течење на судските спорови се многубројни и треба да се бараат во двете страни односно и во граѓаните и во судот.

„Една од причините е несоодветното или неможноста за доставување на покани. Понатаму веројатно и менталитет на граѓаните да се избегнува приемот на писмата кои ги доставува судот.“

Министерот за правда , Михајло Маневски вели дека во последниве три години бројот на предметите се намалени за 20 проценти.
Околу доставата оди малку побрзо, но кога говориме за посложени постапки кога се во прашање тука не би рекол дека имаме зголемена ефикасност.

„Секоја година постојано се намалува приливот на нови предмети, а се намалува и бројот на заостанатите за 200 илјади или 22 проценти.“

Адвокатаот Драган Малиновски вели дека зголемена ефикасност во македонското судство постои, но само кај поедноставните процеси.

„Околу доставата оди малку побрзо, но кога говориме за посложени постапки кога се во прашање тука не би рекол дека имаме зголемена ефикасност. Причините се многубројни, се работи и за вид на постапки, меѓутоа се работи и за извесни проблеми во самите судови.“

Малиновски како можно решение предлага да се измени делот во законот за услови на доставување на судки покани како еден од условите за побрзо решавање на судките спорови. И кривичните постапки да се се водта на принцип на граѓанските односно, “еднаш повикан на суд – секогаш повикан.“