7 милитанти убиени во Пакистан

Во американски ракетен напад во пакистанската покраина Вазиристан убиени се 7 милитанти, соопштија пакистанските безбедносни сили. Голем дел од загинатите биле странски бунтовници. Вашингтон соопшти дека беспилотните летала се ефективно оружје во справувањето со Талибанците во северозападен Пакистан, покрај границата со Авганистан.