Министерот за надворешни работи на Норвешка го посети Јордан

Норвешкиот министер за надворешни работи Јонас Гар Стере денеска се сретна со неговиот колега од Јордан, Насер Јудех да разговара за сериозните несогласувања меѓу соседните земји Израел и Палестина. На заедничка прес конференција норвешкиот министер ја изрази подршка за создавање на палестинска држава, која ќе биде во мир со Израел.