Турција ќе испрати помош во Хаити

Турција ќе издвои 650.000 евра и ќе испрати спасувачки екипи и хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес на Хаити, соопшти турското министерство за надворешни работи. Денеска кон островот полетаа и три авиони од земјата, а четвртиот ќе биде испратен утре. Тие ќе достават 40 тони храна и опрема, како и една теренска болница. На Хаити ќе отпатуваат и 10 турски спасувачи и околу 20 медицински работници.