Црвен Крст испрати конвој со помош за Хаити

Црвен Крст соопшти денеска дека конвој со голема количина на помош е пратен кон Хаити за настраданите од земјотресот кој го погоди островот. Потпаролот на организацијата Пол Конели изјави дека на Хаити се упатиле нивни работници и хируршки тим, кои во главниот град Порт О Пренс ќе пристигнат за 6 до 8 часа. Во конвојот има и болница со 50 кревети и единица за телекомуникаци.