Грчките земјоделци ги продолжуваат блокадите на патиштата

Грчките земјоделци и денеска блокираат повеќе клучни сообраќајници во земјата во знак на протест поради намалените субвенции. Како што јавуваат грчките медиуми, земјоделците планираат да ги блокираат и граничните премини кон Македонија и Бугарија до понеделник.