Светските сили на состанок за нови санкции против Иран

Претставници на големите сили ќе се состанат денеска во Њујорк на разговори за евентуални нови санкции против Иран поради неговите нуклеарни активности. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон неделава оцени дека најдобар начин за притисок врз Иран се новите санкции кои би биле фокусирани врз владејачката елита на земјата. Меѓутоа, Кина и Русија сеуште се воздржани околу новите санкции.