Американската армија започна да доставува помош на Хаити

Американската војска ја достави својата прва помош на Хаити по катастрофалниот земјотрес. Единицата за брза реакција на американската армија достави храна, вода и медицинска опрема надвор од главниот аеродром во Порт-о-Пренс.
Како што јави Асошиетед Прес, со Хеликоптери се транспортира вода во зони околу главниот град. Групите за помош се соочувале со проблеми поради блокираните патишта.