Иран: опозицијата да не користи е-маил и СМС за организирање протести

Иранските власти денеска ја предупредија опозицијата да не користи е-маил или текстуални СМС пораки за организирање политички настани. Иранската студентска новинска агенција јави дека шефот на полицијата Исмаил Ахмади Могхадам ја предупредил денеска опозицијата, велејќи дека опозиционерите нема да успеат да си го заштитат идентитетот бидејки системот бил ставен под контрола. Овој начин на комуникација одигра водечка улога во текот на протестите во земјата по спорните избори во јуни 2009.