Албанија: истрага за поплавите и одговорноста на КЕШ

Обвинителството на Скадар, во чија надлежност спаѓаат поплавените подрачја во Албанија, почна истрага за утврдување на одговорноста на албанската електрокорпорација, КЕШ. Како што јави МИА, се испитува дали и колку е почитуван правилникот за работа на електраните, и кога се отворени портите за испуштање вода од преполнетите акумулации. Спред министертвото за внатрешни работи, поплавени се 11.400 хехтари земјиште, 2.649 куќи, а евакуирани се 5148 лица.